HomeАктуелноОхрид подготвен за најлудата ноќ, празнично украсениот центар снимен од водух одзема здив.

Охрид подготвен за најлудата ноќ, празнично украсениот центар снимен од водух одзема здив.

Охрид ги брои последните часови до Новата година. Во градот кој е прекрасно украсен, се чувствува празнична атмосфера, иако поради ковид кризата посетеноста од страна на туристите не е на посакуваното ниво. Но, оние кои решија новогодишните празници да ги минат во Охрид уживаат во зимскиот амбиент кој изгледа прекрасно снимен од воздух.

Понудата на угостителите и хотелиерите за дочекот на Нова година е шарена, а такви се и цените. Од настапи на познати естрадни уметници, до забави со диџеи Охрид за новата година има понуда за сите генерации и за сечиј џеб. Цените за организиран дочек на Новата година се движат од 300 до 500 денари во објектите во кои нема посебна програма, додека во кафулињата и рестораните кои нудат празнично мени и жива музика влезниците се далеку повисоки и варираат во зависност од понудата од 1500 – 2000 до над 3000 денари во поексклузивните места.

За сите останати Општина Охридт организира дочек на Новата година под отворено небо на плоштадот „Св. Климент Охридски“, каде во најлудата ноќ ќе настапат локални бендови и изведувачи.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.