Приведен охриѓанец кој поседувал две ловни пушки без дозвола.
На 30.01. 2022 година во 05.45 часот, во СВР Охрид, приведено е 35 годишно лице од Охрид. При контрола на патнички автомобил „Пежо Партнер“ со охридски регистарски ознаки, што тој го управувал, извршена кај Ново Село, Општина Дебрца, полициските службеници пронајдоа две ловни пушки, за кои немал соодветна дозвола за поседување, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
По целосно документирање, против него ќе биде поднесена пријава.