HomeАктуелноОхриѓанецот Давид Велковски како бодовен судија ќе ја дели правдата на Европското првенство во Талин, Естонија

Охриѓанецот Давид Велковски како бодовен судија ќе ја дели правдата на Европското првенство во Талин, Естонија

Во Талин Естонија,  од 28.04-04.05 2025 година, ќе се одржи Европско Првенство за Такевон-до ИТФ (традиционално). На ова првенство после 2012 година, Давид Велковски  во име на М.Т.Т.Ф ќе биде бодовен судија и ќе ја дели правдата на ова првенство.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Давид Велковски кој е долгогодишен репрезентативец и лиценциран судија во склоп на М.Т.Т.Ф , кој редовно суди на меѓународна натпревари , ова година ја доби довербата од страна на Е.И.Т.Ф да биде избран и да биде дел од судиската екипа која ќе ја делчи правдата на Европското првенство. Досега и како натпрварувач и како судија Давид Велковски е докажан како на државен така и на меѓународен план, најголем спортски успех му е, до  ¼ финале на светското првенство во Пловдив, Бугарија, каде за жал во борбата за медал, беше немоќен против судиите. Поради неговото искуство сега тој има прилика да ја надмине пристрасноста и да покаже дека е квалитетен судија, доколку успее, а не се ни сомневаме во тоа, може во иднина редовно да биде избран за судија од страна на Е.И.Т.Ф, вели Марјанчо Лазаревски,  претседател на М.Т.Т.Ф , кој 2012 година исто така има судено на Европското првенство во Софија, Бугарија.         

На Европско првенство секој судија си оди самостално, трошоците за транспорт се на негова сметка, а во Талин од страна на Е.И.Т.Ф има полн пансион и дневници за неговото судење.

Користиме прилика да се заблагодариме до нашиот генерален спонзор „ПН МЕТАЛ“  без кого не би имале квалитетни натпреварувачи и судии, исто така благодарност до Општината Охрид и Министерството за спорт, кои ги вреднуваат нашите успеси, стои во објавата.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.