Лидерот на Демократски сојуз и пратеник во Собранието, Павле Трајанов информира за „Локално“ дека го поддржува Законот за ратификација на Договорот за ФРОНТЕКС, но поради партиски обврски не присуствувал во Собранието за време на гласањето.
Јас гласав дури бев таму. После тоа почнаа седницата на Централниот одбор на ДС и веројатно затоа. Дури и претходно кога беше расправата гласав „за“. Сум за Договорот за ФРОНТЕКС, но веројатно затоа што имаше повеќе точки и гласање за некои..таму и не ти се знае кој за што ти гласа. Јас сум за, но веројатно во моментот не бев присутен поради други обврски во партијата. Интегрално го поддржувам Договорот и нема никакви други причини, ни рече Трајанов во изјава.
Од синоќа ДС е во опозиција откако го напушти владиното мнозинство.
