HomeАктуелноПаднаа 88 литри дожд, а најлошото допрва доаѓа: УХМР најавува ново невреме

Паднаа 88 литри дожд, а најлошото допрва доаѓа: УХМР најавува ново невреме

Во изминатите 24 часа најголемо количество воден талог е измерено во Амзабегово, Светиниколско, каде што наврнаа 88 литри на метар квадратен. Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), следуваат Струмица со 50 л/м², Градско со 29, Кавадарци и Бовин со по 26, Радовиш со 23, Коџалија со 18, Штип со 13, како и Берово, Ѓуриште и Демир Хисар со по 10 л/м².

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Помали количества се регистрирани во Крушево, Водоча (по 9 л/м²), Демир Капија, Скопје – Петровец, Јасен (по 8 л/м²), Виница (7 л/м²), Тополчани (3 л/м²), Велес, Прилеп (по 2 л/м²), а по 1 литар на метар квадратен е измерен во Битола и Скопје – Зајчев Рид.

Од УХМР напоменуваат дека дадените вредности се измерени на нивните дождомерни места и посочуваат: „Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.“

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, но во попладневните часови се очекува дестабилизација со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд, грмежи и појава на град. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, а максималната температура ќе се движи од 26 до 35 степени.

Во Скопје се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, силен ветер, грмежи и можна појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а максималната температура ќе достигне до 34 степени.

Во Охрид времето денес претпладне сончево со умерена облачност, попладне со услови за дожд. Максималната температура ќе достигне до 30 степени.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.