
Пазарните инспектори им објави војна на угостителите кои им служат алкохол на малолетниците. За во наредниот период, од ДПИ најавуваат засилени контроли на терен во согласност со Законите за угостителска дејност и за заштита од пушењето. Контролите ќе се спроведуваат со асистенција на полицијата и тоа низ целата територија на државата, за да се спречи послужување алкохол на малолетни лица.
Послужување алкохол на малолетни лица е кривично дело, а казните за оние угостители што ќе бидат затекнати како го прават тоа се ригорозни и се движат до 4.000 евра. Освен парични казни, се изрекуваат и казни за забрана за работа во период од еден месец – посочија од ДПИ.
Одтаму апелираат до угостителите да постапуваат во согласност со законските обврски, според кои се должни да ја утврдат возраста на лицето на кое се послужува алкохол!
Доколку Пазарниот инспекторат утврди нерегуларности, најригорозно ќе постапува и заедно со останатите надлежни институции и во иднина ќе продолжи да спроведува заеднички акции кои ќе ги спречат дејствата поврзани со послужување алкохол на малолетници – реагираат од ДПИ.