HomeАктуелноПари назад за скенираните сметки: Еве до кога мора да се исплати МојДДВ

Пари назад за скенираните сметки: Еве до кога мора да се исплати МојДДВ

Граѓаните кои во текот на јули, август и септември годинава скенирале фискални сметки преку апликацијата „МојДДВ“ наскоро треба да го добијат повратот на дел од платениот данок.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според законските рокови, исплатата за третото тримесечје од 2026 година треба да биде реализирана најдоцна до 30 ноември. Тоа значи дека корисниците во наредниот период ги очекуваат средствата на своите трансакциски сметки.

Максималниот поврат за едно лице за ова тримесечје може да достигне до 2.100 денари. Сепак, висината на сумата зависи од скенираните и прифатени фискални сметки, како и од пресметаниот ДДВ.

Согласно правилата, за купени македонски производи и услуги се враќаат 20 проценти од пресметаниот ДДВ, додека за останатите производи и услуги повратот изнесува 10 проценти.

Од особена важност е граѓаните да проверат дали во апликацијата „МојДДВ“ имаат внесено точни банкарски податоци и активна трансакциска сметка. Во спротивно, можно е да дојде до одложување на исплатата.

Засега нема официјално потврден точен датум кога ќе започне исплатата, но законскиот рок останува до крајот на ноември.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.