Пари оставени од верниците биле на мета на крадците во црквите во Струга и Струшко изминатите години. Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски информира дека нема драстични промени во однос на извршените кривични дела „тешка кражба“ во црквите во струшкиот регион пред почетокот на пандемијата со коронавирусот и сега.
Според него, во текот на 2019 година во полицијата пријавени се два тешки кражби во црква „Свети Мартиние“ во селото Ташмаруништа и во црква „Света Петка“ во селото Враништа. Во 2020 година, пак пријавен е само еден обид за кражба во црква „Свети Мартиние“ во Ташмаруништа. Лани мета на крадците биле црквите „Света Варвара“ во Вевчани, „Свети Никола“ во Паркот на поезијата во Струга и „Света Недела“ во селото Радожда.
Во сите случаи противправно одземени се парични средства оставени од верници. Полициските служби по преземени мерки откриле двајца сторители, еден во 2019 и еден во 2020 година, за што добиле соодветна кривична пријава, заклучи Димоски.