HomeАктуелноПациентка се обидела да се самоубие на Клиниката за гинекологија

Пациентка се обидела да се самоубие на Клиниката за гинекологија

Пациентка на 39-годишна возраст од Скопје која се породила на Клиниката за гинекологија, вчера се обидела да се самоубие фрлајќи се од прозорец од Клиниката.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Од Клиниката за гинекологија, од каде денеска излегоа со детално соопштение, информираат дека пациентката е итно пренесена на КАРИЛ, а за случајот се известени надлежните институции.

Според информациите од ГАК, пациентката е примена на 28 јуни во 21:16 часот заради крвавење во последниот триместар од бременоста (36 гестациска недела) и откако од срана на дежурен специјалист во амбулантата за итни случаи е утврдено дека се работи за предвремено одлепување на постелката, состојба којашто витално го загрозува плодот и сериозно го загрозува здравјето на мајката, е породена со царски рез.

Пациентката веднаш е примена во родилна сала и по кусата предоперативна подготовка и за 14 минути од приемот е породена со царски рез во 21:30 часот, при што е добиено живо машко дете во задоволителна кондиција. Пациентката е уредно следена на одделот за породени жени – Пуерпериум, согласно медицинските стандарди и протоколи, велат од ГАК.

На 30 јуни, пациентката се пожалила на вознемиреност и извршен е разговор со клинички психолог и следена е согласно дадените препораки. Следниот ден пациентката била без особени тегоби и е со уреден гинекошко-акушерски статус, а на 2 јули на утринската визита се пожалила на слична симптоматологија како и на 30 јуни, при што дежурните лекари извршиле разговор со неа, ординирана е соодветна терапија и донесена е одлука, за подобра проценка на состојбата пред испис да се повика психијатар.

Во понатамошниот тек од вчерашното дежурство продолжени се дневните активности и работни обврски на дежурната екипа, без дополнителни влошување на состојбата на родилката. Ноќта околу 21:30 часот пациентката од болничката соба се упатила кон ходникот на одделот за Пуерпериум и преку прозорецот во ходникот направила обид за суицид, фрлајќи се од првиот кат, се наведува во соопштението од ГАК.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.