HomeАктуелноПендаровски бара да се пролонгира важењето на личните карти

Пендаровски бара да се пролонгира важењето на личните карти

Претседателот Стево Пендаровски побара од владата да го продолжи важењето на личните документи до септември за да можат граѓаните достоинствено да ги заменат. Тој во интервју за Сител вчера рече дека ова што во моментов им се случува на граѓаните кои со денови чекаат за да ги извадат личните документи е срамно и понижувачко и смета дека не треба да биде проблем да се пролонгира целата процедура. Дополнително, рече Пендаровски, Грција не би можела да се противи бидејќи таа не реализирала голем дел од своите обврски.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Согласно Договорот со кој се смени името, до средината на идниот месец во земјава треба да бидат сменети сите лични документи на кои го нема новото име на државата. Тоа создава огромни гужви на шалтерите на МВР кои немаат доволен капацитет да одговорат на потребите на граѓаните. Премиерот Ковачевски нема ништо против овој предлог но вели дека ќе мора да се провери дали е можно тоа да се спроведе.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.