Не сум оптимист дека можеме да имаме продуктивна лидерска средба со партиите. Кога се повикува на лидерска средба тоа значи дека Парламентот не функционира. Второ, треба да има согласност од двете страни, а тоа нема. Им предложив на двете најголеми партии да присуствуваат на Советите на безбедност што ги организирам, но не се согласија. Предложив службите да ги информираат. Се надевам дека ќе има позитивна реакција на тоа службите да ги информираат партиите за состојбите и во државата и надвор од неа, вели Пендаровски за Утрински брифинг.
На вчерашниот Совет за безбедност се разговараше не само за безбедносните аспекти, туку и за аспектите кои се битни за живот во државата.