HomeАктуелноПецаков: Намалив долг од 14,5 на 3,5 милиони евра, следуваат нови проекти и стратегија за туризмот во Охрид

Пецаков: Намалив долг од 14,5 на 3,5 милиони евра, следуваат нови проекти и стратегија за туризмот во Охрид

Кандидатот за градоначалник на општина Охрид, Кирил Пецаков, во гостување на МТВ, говореше за големите предизвици со кои се соочил изминатите години откако седнал на градоначалничката функција. Тој истакна дека како еден од клучните моменти за него е намалувањето на долгот од 14,5 милиони евра на 3,5 милиони.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Пецаков наброја голем дел на реализирани проекти како што се велосипедски патеки, реконструкција на плоштади, фотоволтаици, основно училиште, спортска сала во Лескоец и други. Во однос на тоа што да се очекува од него следните 4 години, Пецаков ги истакна неговите ветувања

Уредување на булевар „Туристичка“ во пресек со улицата Стив Наумов до Јане Сандански, уредување на кејот Македонија, на кејот во Пештани, реконструкција на културните домови во Љубаништа, Кочишта и во Црногорци, продолжување на фекалната канализација, започнавме со проект за одобрение на втора катна гаража, но и уште еден проект за одобрение за уште едно училиште“, посочи Пецаков.

Градоначалникот Пецаков најави и стратегија за туризмот во наредните 10 години и како што кажа во соработка со централната власт ќе работат на зголемување на туристите во Охрид.

Стратегијата која ќе биде направена за наредните 10 години, заедно со централната власт би можеле заеднички да ја спроведеме. Синергијата помеѓу локалната и централната власт, со добивањето на посебно Министерство за култура и туризам, сметам дека ќе даде добри резултати, не само по однос на зголемување на бројот на туристи, што е основен императив за еден туристички центар, туку и во квалитетот на туризмот во иднина“, потенцираше Пецаков.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.