HomeАктуелноПецаков: Реконструкција на магистралниот пат Охрид – Битола до црква „Св. Недела“ е дел од приоритетните проекти за новиот мандат

Пецаков: Реконструкција на магистралниот пат Охрид – Битола до црква „Св. Недела“ е дел од приоритетните проекти за новиот мандат

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, преку објава на социјалните мрежи најави дека реконструкцијата на дел од магистралниот пат Охрид – Битола, на потегот до црквата „Св. Недела“ во Косел, ќе биде еден од приоритетните проекти во неговата програма за наредниот мандат.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

„Покажавме дека можеме да реализираме големи и значајни проекти. Со оваа реконструкција добиваме модерна, уредена и безбедна сообраќајница,“ истакна Пецаков.

Тој додаде дека Охрид ќе продолжи со реализација на капитални инвестиции кои, според него, значат подобар квалитет на живот и современа инфраструктура.

„Охрид не запира повеќе,“ порача актуелниот градоначалник и кандидат за втор мандат на претстојните локални избори, потенцирајќи дека граѓаните ќе имаат можност повторно да го изберат вистинскиот избор за иднината на општината.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.