HomeАктуелноПецаков се сретна со потпретседателот на ЕХФ: Ракометот во Охрид има светла иднина

Пецаков се сретна со потпретседателот на ЕХФ: Ракометот во Охрид има светла иднина

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, оствари средба со потпретседателот на Европска ракометна федерација, Предраг Бошковиќ, на која се разговарало за иднината на ракометот, претстојниот финален натпревар и развојот на ГРК Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Пецаков истакна дека средбата претставувала голема чест и можност за размена на мислења околу перспективите на спортот во градот. Посебен акцент бил ставен на амбициозните планови на ГРК Охрид, како и на успехот што клубот го бележи во изминатиот период.

Според градоначалникот, особено значајни се честитките и признанијата што ги добиле од раководството на ЕХФ за проектот што го реализира Охрид и за досегашните спортски резултати.

„Тоа е силна потврда дека се движиме во вистинската насока. Ракометот во Охрид има светла иднина, а ние продолжуваме да работиме уште посилно за нови победи и успеси“, порача Пецаков.

Средбата доаѓа во пресрет на историскиот финален натпревар за охридскиот ракомет, кој предизвикува голем интерес кај спортската јавност и навивачите кој ќе се одигра утре.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.