Староградска пловидба со Ансамбл „Билјана“ денес во рамките на програмата од 4-тото алтернативно културно-забавно лето „Културолошка иницијатива 5 до 12“. Според искуството од претходните години од КИ „5 до 12“ велат станува збор за настан кој секоја година буди голем интерес.
Може да присуствува секој со пловен објект, исклучиво со веслање. Но, исто и од копно директно на Старото пристаниште. Збирно место е Канео од 17:30 часот. Во 18 часот е предвидено тргнување со кајчиња до Старо пристаниште (Островче), информираат од „Културолошка иницијатива 5 до 12“.
