Регионалниот ЦУК Охрид, известува дека сообраќајот на магистралните, регионалните и локалните патни правци се одвива редовно по влажни коловози и во зимски услови.
Екипите на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта имале неколку интервенции во текот на вчерашниот денот ги остранувајки и чистеa одроните на патниот правец Охрид-Кичево, патен правец с.Белица – Кичево, помеѓу с.Белица и с.Козица како и на патниот правец Струга -Дебар.
Селата Опеница, Завој, Свињишта и Колари коишто се без напојување со е.енергија поради дефекти настанати како резултат на снежните врнежи во регионот. Екипите на ЕВН „Хомум“ во текот на денешниот ќе ги санираат дефектите во тој дел од регионот.
Регионалниот ЦУК Струмица, известува дека патниот правец Гевгелија кон с .Фурка каде што во текот на вчерашниот денот имаше одрон е расчистен и дека сите регионалени, магистрални и локални патишта во Југоисточниот регион се проодни.
ТППЕ Гевгелија, известува дека имале интервенција на поплавена подрумска просторија на ул.„Македонија“ (Општина Гевгелија). Интервенирале со 1 пп возило и 2 пожарникара.
Регионалниот ЦУК Велес, известува сите регионални и магистрални патни правци во вардарскиот регион се проодни во зимски услови и влажни коловози. На високите делови во Општина Кавадарци има врнежи од снег, а зимската служба на ЈП „Комуналец Кавадарци“ интензивно работи на чистење на патните правци во високите места од наноси на снег.
На патниот правец Неготино – Штип (планината Серта) имаше неколку одрони што од екипи на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта веднаш беа расчистени. ТППЕ Велес и Кавадарци имале по една техничка интервенција, поради заглавено возило и паднати гранки, додека прекин на електрична енергија од 12.16 часот, има во с. Клуковец. Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.
Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи. Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи. Со правовремено информирање од страна на медиумите за условите на при врнежите од дожд и снег и проодноста на патиштата резултираа со помалку проблеми за граѓаните коишто ги планираа своите патувања.