HomeАктуелноПовредени шест лица во сообраќајка кај Врбјани, кривична за поседување дрога за лице од Ирска со привремен престој во Охрид

Повредени шест лица во сообраќајка кај Врбјани, кривична за поседување дрога за лице од Ирска со привремен престој во Охрид

На 21.01.2025 во 09.15 часот, на магистралниот пат А2, кај сeлото Врбјани, општина Дебрца, случена е сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген бора” со кичевски регистарски ознаки, управувано од Х.И.(39) од с.Стрелци, кичевско и патничко возило „фолксваген пасат” со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Д.(72) од Скопје.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „фолксваген бора” Ф.И., како и возачот на патничкото возило „фолксваген пасат” и неговата сопатничка В.Д. додека со телесни повреди се здобил возачот Х.И. и другите сопатници И.Л. и Л.И., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид, информираат од СВР Охрид.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Б.Ш.(31) од Република Ирска, со привремен престој во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”, велат од СВР Охрид.

На 16.01.2025, при претрес во неговото патничко возило и во станот каде привремено претстојува, извршен со судска наредба, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид пронајдоа и одзедоа марихуана, бела прашкаста материја, дробилка и повеќе други предмети со остатоци од марихуана и бела прашкаста материја. На него му е одредена мерка куќен притвор во траење од 30 дена, додаваат од СВР Охрид.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.