Припадници на еврејската група Лев Тахор според последните информации станаа нови жители на Горно Лакочереј, охридско откако сопственикот на познат хотел ги отвори вратите за овие гости, кои беа протерувани и мака мачеа да најдат соодветно сместување во Скопје, кога никој од сопствениците на хотелите не сакаше да ги прими. За потсетување групата со силни притисоци изминатата недела беше протерана и од Куманово, од локацијата на која прв пат се пријавија.
Жителите на ова охридско село веднаш штом ги виделе, велат оваа група треба да си замине од селото. Тие веќе се организираат да протестираат, како што веќе напоменавме, тие станаа „непосакувани“ гости, додека коментарите во јавноста се поделени.
Имено, денес Лев Тахор беа поканети на гости кај еден познат македонски политичар, кој јавно ги повика еврејската група да бидат негови гости, со тоа што ќе ги смести во својот имот.

Прогонувани од сите, жени и деца со нивните сопрузи, само зашто практикуваат фундаментален Јудеизам!
Тој Јудеизам го осуди Бог, но нас Тој не научи на прошка и солидарност!Антисемитизмот мора да запре!Оваа група Евреи, јавно ги поканувам да се сместат на мој имот во Крушево, да најдат мир и достоинство, да презимат… да бидат згрижени додека тоа им е потребно од Македонија!Немам комуникација со Еврејската заедница во Македонија, но слободно можете да ме контактирате, за да Ви помогнам!Бог е голем, а ние смртните може само да помогнеме!
Мое беше да ги поканам, а тие си знаат– напиша на својот фб профил македонскиот политичар Петар Богојески.