HomeАктуелноПолицајците од денеска се без здравствено осигурување, синдикатот бара МВР итно да го реши проблемот

Полицајците од денеска се без здравствено осигурување, синдикатот бара МВР итно да го реши проблемот

Полицајци кои утрово биле на лекарски и на стоматолошки прегледи се жалат дека им било кажано оти немаат уплатено здравствено осигурување, поради што прегледите и интервенциите морале да ги платат приватно, објави Телма, цитирајќи неколкумина полицајци кои се обратиле до телевизијата.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Ситуацијата со здравственото осигурување ја потврдуваат и од Независниот синдикат на полицијата. Оттаму бараат МВР да го реши проблемот, кој е дополнително тежок и поради тоа што без здравствено се и децата осигурани преку родителите-полицајци.

Во текот на денот, на мејловите и на телефоните на Независниот Синдикат на Полицијата, пристигнаа повеќе од 50-тина известувања како поплаки по барање совет како да се справат со некои од вечните Неработници кои се по удобните канцеларии во седиштето на МВР. Денеска повеќе 10-тина вработени во полицијата приватно платија за прегледи, неколку од нив и за систематски прегледи за првачиња, за деца на полицајци кои треба да бидат запишани во прво одделение во учебната 2022/23 год, соопштија од НСП.
Од МВР засега нема одговор на информациите дека нивните вработени немаат уплатено здравствено осигурување.
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.