На 02.01.2022 во 18.25 полициски службеници од ОВР Ресен добиле пријава – повик за помош од Ј.Д.(20) од Битола. Според пријавеното, поради големи снежни наноси на планината Галичица, тој со своето патничко моторно возило „сузуки”, со битолски регистарски ознаки, заедно со своите сопатници А.В. и Ѓ.Д., двајцата од Битола, бил заглавен на регионалниот пат Отешево – Св.Наум, на кој има активна забрана за движење на возила во зима. Полициски службеници од Граничен премин Стење веднаш излегле на местото на настанот и го пронашле возилото кое било заглавено во снегот, по што заедно со возачот и сопатниците, биле извлечени со возилото и спуштени на безбедно место.
Извор:МВР