HomeАктуелноПолицијата со полни раце работа последното деноноќие на територија на СВР Охрид!

Полицијата со полни раце работа последното деноноќие на територија на СВР Охрид!

На 10.01.2025 во 19.30 часот во СВР Охрид, Љ.Д.(40) од Охрид пријавила дека нејзиниот малолетен син, на улицата „Сирма Војвода” во Охрид, бил физички нападнат од три малолетни лица. Се преземаат мерки за расветлување на настанот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На 10.01.2025 во 19 часот во СВР Охрид, Г.Д.(45) од Охрид пријавил дека неговиот малолетен син, на улицата „Карпош Војвода” во Охрид, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расветлување на настанот.

На 10.01.2025 во 18 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, едно лице насилно ја отворило металната врата од паркинг простор на улицата „АСНОМ” во Охрид, кој го користи ЈП  „Комуналец – Механизација”, каде било паркирано патничко возило „фолксваген поло” со струшки регистарски ознаки, претходно одземено од пајак службата на претпријатието, и откако го отклучил, заминал со него. Се работи на расветлување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 10.01.2025 во 11 часот, во ОВР Струга е пријавено дека во деловен објект лоциран на кеј „8 ноември” во Струга, Ф.К. физички ја нападнала Ј.Д.(37) од струшко село. Се работи на расветлување на настанот,по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 10.01.2025 во 17.20 часот, во полициското одделение во кичевското село Зајас, пријавено е дека во куќа во селото Длапкин Дол, сопственост на И.И. од истото село, избувнал пожар. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.