HomeАктуелноПолицијата спречи трагедија: Пијан возач дивеел по автопат и се обидел да избега

Полицијата спречи трагедија: Пијан возач дивеел по автопат и се обидел да избега

Ноќеска околу 02:50 часот, полицијата од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишила од слобода А.Б.(49) од Кавадарци по опасен инцидент на автопатот А1, кај клучката Гевгелија.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според соопштението од МВР, полициските службеници му дале знак за запирање на возилото „опел“ со велешки регистарски ознаки, но возачот не застанал и го свртел во спротивен правец, пред да биде запрен.

Контролата покажала дека возачот бил под дејство на алкохол со измерени 1,55 промили во крвта. Тој бил исклучен од сообраќај, а за случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.

По целосно документирање на случајот, против А.Б. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик за „безобзирно управување со моторно возило“.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.