HomeАктуелноПолицијата уапси повеќе дилери на дрога – пронајдени таблети, марихуана и прашкаста материја

Полицијата уапси повеќе дилери на дрога – пронајдени таблети, марихуана и прашкаста материја

Вчера во 23.30 часот во Скопје на подрачјето на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода В.С.(45) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Денес во 00.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода Д.А.(39) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Утрово во 03.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода Д.Г.(25) од Косово, затоа што кај него биле пронајдени и одземени таблети. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Исто така денес во 00.20 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Д.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.