HomeАктуелноПолуподземни контејнери на „Македонски Просветители“

Полуподземни контејнери на „Македонски Просветители“

Ќе се поставуваат полуподземни контејнери на „Македонски Просветители“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

За реализирање на оваа активност на денешната одржана педесет и втора седница на Советот на Општина Охрид беше донесена одлука за издвојување на средства за оваа намена.

Издвојуваме средства за набавка на полуподземни контејнери со кои ќе се решат одредени критични места во врска со управување со отпадот, посебно на локациите на булеварот „Македонски Просветители“. Постоечките контејнери кои претставуваат грда слика посебно во летниот период на неколку локации долж булеварот. Ќе има неколку локации кои се предложени од страна на ЈП Охридски Комуналец каде ќе се изврши замена на постоечките контејнери со вакви современи полузатворени контејнери за собирање на отпад, вели секретарот на општина Охрид, Александар Китески.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.