HomeАктуелноПоради кражба на паричник тројца македонски државјани уапсени во Црна Гора

Поради кражба на паричник тројца македонски државјани уапсени во Црна Гора

Во полицијата во Никшиќ едно лице пријавило дека три непознати лица од трговски објект во Богетиќи украле паричник со пари и со возило се оддалечиле од местото на настанот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во соопштението се наведува дека полицијата во Никшиќ вчера во местото Папрати запрела „ауди“ со тројца државјани на Северна Македонија чии иницијали се А.А. (26), А.О. (41) и Ж.Д. (47), кои биле донесени во службените простории на полицијата.

Полицијата преку кривична истрага дошла до сомнение дека А.А. го украл паричникот, додека А.О. и Ж.Д. ги примиле и задржале дел од парите.

„А.А. е осомничен за кривично дело кражба, додека А.О. и Ж.Д. се товарат за кривично дело прикривање и сите три лица се приведени, се наведува во соопштението на црногорската полиција.

Полицијата набедува дека најголем дел од украдените пари се пронајдени и вратени, а возилото со кое е извршено кривичното дело е одземено.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.