HomeАктуелноПосебен сообраќаен режим од денес во Охрид

Посебен сообраќаен режим од денес во Охрид

Полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата Охрид, ја известува јавноста дека, од денеска на сила ќе биде посебен режим во сообраќајот на булеварите „Туристичка” и „Асном” во Охрид. Поради значителните оштетувања на коловозите на овие сообраќајници, предизвикани од дефект на водоводна мрежа, ќе нема можност за нормално одвивање на сообраќајот по булеварот „Туристичка” од крстосница со „Асном” до улицата „Јане Сандански” и крстосницата на булеварот „Туристичка” до улицата „Никола Карев”. Апелираме до учесниците во сообраќајот, да бидат внимателни, да ја почитуваат поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација како и насоките на полициските службеници, информираат од СВР Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.