HomeАктуелноПоследното деноноќие регистрирани се 17 пожари на територија на Македонија

Последното деноноќие регистрирани се 17 пожари на територија на Македонија

Центарот за управување со кризи (ЦУК), согласно информациите за пожари на отворено, известува дека во последното деноноќие до утрово имало 17 пожари: Скопско 6, Неготинско 1, Демиркаписко 1, Битолско 1, Струмичко 1, Охридско 1, Струшко 2, Кочанско 1 и Кумановско 3 пожари. Горела претежно ниска шума, стрништа, нискостеблеста вегетација и борова шума.
Регионалниот ЦУК Велес, известува дека поред последните утрински информации, пожарот на место викано „Гоцева шума“, Општина Неготино е ставен под контрола. На терен биле два пожарникара со едно ПП возило, кои вршат догаснување на пожарот каде што на одредени места се уште се забележува чадење. Во пожарот била зафатена борова шума на површина од 10 до 15 хектари.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.