HomeАктуелноПоставен на камен-темелникот на „Лидл“ во Куманово, планирани се повеќе од 150 вработувања

Поставен на камен-темелникот на „Лидл“ во Куманово, планирани се повеќе од 150 вработувања

На мое огромно задоволство присуствував и имав особена чест да се обратам пред присутните на поставување на камен-темелник на големиот логистички и дистрибутивен центар на германската компанија „ЛИДЛ“ во индустриската зона „Новини и Речица“, инвестиција во вредност од околу 80 милиони евра и планирани повеќе од 150 вработувања, вели градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски.
Станува збор за огромен објект, кој компанијата ќе го гради на околу 17 хектари земјиште, што пред извесно време за 5,3 милиони евра го купи од Општина Куманово, по пат на електронско јавно наддавање. Ќе продолжиме со инвестиции за развој на стопанството во Куманово, бидејќи е неопходно за отворање на нови работни места за нашите граѓани, додава првиот човек на Куманово.
-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.