HomeАктуелноПо трет пат отворена „Јавна соба“ на Телеграм.

По трет пат отворена „Јавна соба“ на Телеграм.

На социјалната мрежа Телеграм отворена е нова група „Јавна соба“ во која се споделуваат фотографии, профили од социјални мрежи, лични податоци, адреси и броеви од девојки од Македонија, објави Телма.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Групата за еден ден брои 219 членови, а досега се споделени 61 фотографија и 14 видеа.

Скандалот со „Јавна соба“ беше обелоденет минатата година кога фотографии и видеа со девојки, од кои некои малолетни, се споделуваа во групата на социјалната мрежа Телеграм.

Тогаш групата беше затворена, но во јануари годинава повторно беше отворена нова група. ОЈО во месец април по силни реакции во јавноста, поднесе обвинение прототив две лица на возраст од 32 и 21 година, кои се товарат за кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија.

Од Основниот кривичен суд – Скопје за Телма кусо одговорија дека утре продолжува судењето за случајот „Јавна соба“ против двајца обвинети лица.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.