HomeАктуелноПраќање работници на принуден одмор е мерката за штедење на ЕСМ.

Праќање работници на принуден одмор е мерката за штедење на ЕСМ.

АД ЕСМ воведе мерки на штедење со цел намалување на трошоците во услови на енергетска криза. Мерките се насочени во правец на намалување на непродуктивните трошоци и реализација на производниот процес со вложување што помалку материјални и човечки ресурси.

Од тие причини, во тек е постапка на утврдување на работни места кои не се неопходни за производството на електрична енергија во одреден временски период. Извршителите на утврдените работни места ќе бидат упатени на принуден одмор не подолг од три месеци, согласно согласно Законот за работни односи, со исплата на 70% од платата, велат од АД ЕСМ.

Намалени или целосно запрени се и сите други трошоци, односно стопирани се спонзорствата, репрезентациите, службените патувања кои не се строго поврзани со производството на електрична енергија, сведена е на неопходниот минимум исплатата на прекувремени работни часови, додека законската дневница за патување се исплаќа во половина износ. Запрена е набавката на возила, освен возила потребни за производниот процес, додека употребата на патнички возила е целосно и строго рационализирана.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.