На 21.05.2023 година во 03 часот, полициски службеници од одделението за борба против дрога и оружје при СВР Охрид, од слобода го лишија Ж.Р.(33) од Охрид. При преглед претходно извршен во угостителски објект лоциран на булеварот „Железничка”, кај него, пронајдена и одземена е бела прашкаста материја.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
