HomeАктуелноПредлог-законот за минимална плата денес пред пратениците

Предлог-законот за минимална плата денес пред пратениците

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи новата 19.седница. Пред пратениците како точка од дневниот ред на оваа седница е и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Македонија, поднесен по скратена постапка од пратениците на СДСМ.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Со законското решение се очекува висината на минималната плата во Република Северна Македонија да изнесува 27 700 денари во нето износ. Како што се посочува во законското решение објавено на собраниската веб страна, примената се очекува да започне да се применува со исплатата на плата за месец ноември 2024 година која ќе се исплати во месец декември 2024 година. Спроведувањето на овој закон ќе предизвика финансиски импликации врз Буџетот на Република Северна Македонија во висина од 93 000 000 денари.

На дневен ред е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, поднесен од пратениците на СДСМ по скратена постапка.

Исто така, пред пратениците се најдат и неколку закони во прво и во второ читање, како и Годишниот извештај за работата на Државниот совет за превенција на детско престапништво и за состојбите во областа на правата на детето и детското престапништво за 2023 година и Финансискиот план на Јавно радиодифузно претпријатие Македонска радио телевизија за 2025 година.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.