HomeАктуелноПред да ја прегази Фросина, се фотографирал со чаша вино – 20-годишник без возачка и под дејство на алкохол ја усмрти 22-годишната Фросина Кулаков на пешачки премин

Пред да ја прегази Фросина, се фотографирал со чаша вино – 20-годишник без возачка и под дејство на алкохол ја усмрти 22-годишната Фросина Кулаков на пешачки премин

Обвинителството се огласи по објавата во некои медиуми во врска со претходни дела на 20-годишниот возач, осомничен за синоќешната сообраќајна несреќа на „Партизанска“ во Скопје, во која животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова од Неготино.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Оттаму појаснуваат дека Обвинителството поднело обвинение со предлог за продолжување на мерката притвор, која по предлог на Обвинителството била определена од самиот почеток на постапката, и тоа за две кривични дела од член 215 од Кривичниот законик – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда со која на обвинетиот му изрече – заводска мерка упатување во воспитно -поправен дом Тетово, третирајќи го сторителот како помлад полнолетник. Во текот на целата постапка, токму по предлог на јавниот обвинител лицето беше во притвор, а при изрекување на пресудата Судот ја укина притворската мерка за обезбедување. Незадоволен од пресудата, имајќи го притоа предвид и претходното поведение на сторителот, јавниот обвинител вложи жалба и предметот е во жалбена постапка, се вели во соопштението на обвинителството.

Претходно од обвинителството беше објавено дека младиот возач возел без возачка дозвола, под дејство на алкохол и поминал на црвено светло.

Кратко пред убиството на булеварот Партизански одреди каде со 130 километри на час да ја прегази и усмрти 22 – годишната Фросина Кулакова, Васил Јованов Васо на својот Инстаграм профил објавил фотографија со чаша вино. Сликата сѐ уште е достапна на неговиот Инстаграм профил каде евидентно е дека пред да ја прегази младата невина Фросина тој бил под дејство на алкохол.

Фросина Кулакова студентка на Интернационалниот институт за мода „Изет Цури“ од Неготино е загинатата 22-годишна девојка на Партизанска.

Таа била удрена од автомобил на булеварот „Партизански одреди“. За жал девојката им подлегнала на повредите и починала на лице место.

Како што известуваат од МВР, несреќата се случила вчера во 23:43 часот, каде автомобил „пежо 207“ со скопски таблички управуван од В.Ј.(20) од Скопје, удрил во девојката која била пешак.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починала Ф.К., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршиле увидна екипа на СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција, велат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.