HomeОХРИДПРЕЗЕНТИРАН ПРОЕКТОТ „ЗАШТИТА НА НАШИОТ БИСЕР, ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО“.

ПРЕЗЕНТИРАН ПРОЕКТОТ „ЗАШТИТА НА НАШИОТ БИСЕР, ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО“.

Градоначалникот Кирил Пецаков, денес, присуствуваше на презентацијата на проектот „Заштита на нашиот бисер, Охридското Езеро“. Проектот е финансиран во рамки на програмата за поддршка на граѓанското општество  „ЦИВИКА – мобилитас“, а имплементатор е Граѓанската организација „КАБ“ – Струга.

Проектот има за цел на заедничка маса да ги седне сите засегнати страни во заштитата на Охридското Езеро, подобрување на комуникацијата и координациајта помеѓу Локалните самоуправи, централните институции и граѓанското општество.

Градоначалникот Пецаков во своето излагање истакна дека Општина Охрид е подготвена за воспоставување на добра комуникација со сите засегнати страни.  Дополнително, Пецаков ги презентираше мерките кои Општина Охрид ги презема во заштитата на Охридското Езеро. Меѓу нив се: поставувањето на решетки на сливовите на реките и каналите во езерото, чија намена е физички запирање на пластиката да влегува во езерото, учеството во сите работни групи и проекти кои се однесуваат на оваа тема.  Активно учество во изработката на нацрт – планот за управување со Охридското Езеро, планот за „Студенчишко блато“, за езерското крајбрежје и планот за враќањето на реката „Сатеска“ во старото корито.

Покрај градоначалникот Пецаков, на промоцијата присуствуваше и градоначалникот на Општина Струга Рамис Мерко и претставник на Општина Дебрца.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.