HomeАктуелноПремиерот Ковачевски: владата ја следи многу внимателно состојбата во Украина, безбедносната состојба во нашата земја е стабилна

Премиерот Ковачевски: владата ја следи многу внимателно состојбата во Украина, безбедносната состојба во нашата земја е стабилна

Претседателот на Владата на Северна Македонија, Димитар Ковачевски на социјалните мрежи го осуди чинот на отворената воена агресија на Руската Федерација на Украина.

Премиерот Ковачевски напиша:

Го осудувам чинот на отворена воена агресија од страна на Русија врз Украина. Војната е најлошиот начин за решавање на недоразбирањата, а агресијата врз Украина е закана и за европскиот и светскиот мир. Владата ја следи многу внимателно состојбата во Украина. Безбедносната состојба во нашата земја е стабилна и во овој момент не постои директна закана за безбедноста на Северна Македонија. Покрај безбедносната состојба, владата одблиску ги следи и промените во светските економски текови кои се дестабилизирани од новонастанатата состојба. Владата како и досега ќе делува максимално одговорно и во најдобар интерес на заштита на домашната економија и финансиската состојба на граѓаните.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.