HomeАктуелноПрестанува да важи бесплатниот автобуски превоз во Скопје.

Престанува да важи бесплатниот автобуски превоз во Скопје.

Мерката за бесплатен автобуски превоз, која беше прогласена во понеделникот, од денеска се укинува и престанува да важи, соопшти Град Скопје.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Одлуката вчера беше донесенa поради подобрување на состојбата со загаденоста на воздухот и по добиено  известување од Министерството за животна средина и просторно планирање, а врз основа на  податоци од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на воздух.

Мерката за бесплатен јавен превоз во главниот град беше активирана на 27 декември откако два дена последователно беше надминат прагот на алармирање за ПМ10 честички во воздухот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.