HomeАктуелноПретседателот на „ЗНАМ“, Максим Димитриевски открива интересни факти за својот живот, а го пофалија и синот дека патувал со автобус секој ден како и сите останати врсници

Претседателот на „ЗНАМ“, Максим Димитриевски открива интересни факти за својот живот, а го пофалија и синот дека патувал со автобус секој ден како и сите останати врсници

Претседателот на Движењето „ЗНАМ“ за Наша Македонија и актуелен градоначалник на општина Куманово,  Максим Димитриевски гостуваше во поткастот на Стефан Лазаров каде што отворија повеќе теми на разговор, а една од нив беше и за семејството, нивните професии и она што го прават во моментов.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во текот на разговорот тој доби пофалба од извесна „Нате“ која коментираше дека токму синот на градоначалникот Максим Димитриевски патувал со автобус секој ден како и секој обичен граѓанин, што кај нас тоа е интересно, бидејќи во минатото бевме сведоци на политичари чии деца не беа третирани како сите останати.

Горд сум ако ова го практикуваат, а знам дека го практикуваат и моите деца. Не би сакал да дојдам во позиција под притисок на јавноста, за моите деца да се фруструираат дека се деца на некој кој што има нешто повеќе од останатите обични граѓани. Јас сакам да гледам среќни луѓе, сакам да покажеме единство, да дадеме шанса на нови луѓе, а токму младите луѓе да бидат пример за борба, рече претседателот на ЗНАМ.

Инаку, тој неодамна ја одржа промоцијата на новата политичка партија Движењето за наша Македонија-ЗНАМ, со тоа што се подготвува и „ЗНАМ“ како нов политички субјект да настапи за престојните избори.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.