HomeАктуелноПретседателот на Советот на Европа Шарл Мишел во посета на Скопје

Претседателот на Советот на Европа Шарл Мишел во посета на Скопје

Претседателот на Советот на Европа Шарл Мишел денеска е во еднодневна посета на Република Северна Македонија.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што соопшти владината прес служба, во рамки на посетата високиот претставник од Советот на Европа ќе има тет-а-тет средба со претседателот на Владата Димитар Ковачевски. Потоа е предвидено да присуствува на владината седница, по што во 13:15 часот премиерот Ковачевски и претседателот на Советот на Европа Мишел, ќе одржат заедничка прес-конференција.

Целта на посетата на Мишел е да ја покаже поддршката на ЕУ за францускиот предлог и да ја потврди заложбата на унијата за интегрирање на Северна Македонија.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.