HomeАктуелноПриведени две лица од кумановско, превезувале огревно дрво без документација

Приведени две лица од кумановско, превезувале огревно дрво без документација

На 18.09.2023 во 19.30 часот на подрачјето на општина Липково, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Белановце при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода Ф.Ќ.(41) од с.Лопате, кумановско и М.С.(49) од Куманово. При преглед во патничкото возило „пежо боксер”, кое го управувал Ф.Ќ., и во товарно возило „форд транзит”, кое го управувал М.С., двете со кумановски регистарски ознаки, биле пронајдени огревни дрва без документација. Исто така, било запрено и патничко возило „фолксваген пасат” без регистарски ознаки, кое било натоварено со огревно дрво, но возачот го напуштил местото. Трите возила и дрвата биле одземени и предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

По целосно расчистување и документирање на случаите ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.