HomeАктуелноПриведени две лица поради кражба на сеф со пари од хотел

Приведени две лица поради кражба на сеф со пари од хотел

Денеска (10.07.2023) во 00.15 часот на подрачјето на Центар полициски службеници ги лишиле од слобода Е.К.(38) и С.Р.(55), двајцата од Скопје, поради тоа што на 09.07.2023 од хотел во Градскиот парк во Скопје одзеле сеф со пари.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

При извршена проверка кај Е.К. биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и алати со кои е извршена тешката кражба, а притоа било констатирано дека се бара по централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор – Прилеп за доиздржување на казна затвор од 4 години и 9 месеци.

По целосно документирање на случајот од страна на ЕВР Центар и Бит Пазар ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.