HomeАктуелноПриведени три лица од Албанија за користење фалсификувани британски пасоши

Приведени три лица од Албанија за користење фалсификувани британски пасоши

На граничен премин на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид, денеска во 14.30 часот полициски службеници ги привеле М.В. и Б.И., на возраст од 24 и 31 година, како и една малолетничка, сите од Република Албанија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

При пасошка контрола и проверка, било констатирано дека лицата на увид приложиле фалсификувани британски патни исправи, појаснуваат од МВР.

Трите лица биле предадени на Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Охрид, за понатамошна постапка.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.