HomeАктуелноПристигнаа налепниците со новата ознака „NMK“

Пристигнаа налепниците со новата ознака „NMK“

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во изјава за „Слободен Печат“  потврди дека налепниците „НМК“ се пристигнати и од утре ќе започне нивна дистрибуција до техничките прегледи ширум државата.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Иако претходно беше изјавено дека налепниците ќе се продаваат од 30 до 50 ден, министерот Панче Тошковски изјави дека ќе бидат на товар на државата.

Тендерот за набавка на налепниците „НМК“ го доби фирмата „Квантум дооел Скопје“, а производител на табличките е германската фирма „ЕХА Хофман“.

Според димензиите, МВР по различна цена ги набавува налепниците. Па така за налепница со димензија 99×42 МВР плаќа 35 денари, за налепниците со димензии 85×40 милиметри цената е 41 денар, налепниците со димензии 63×37 милиметри чинат 35 денари и налепниците со најмала димензија изнесува 29,5 денари за две налепници.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.