Следните денови времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, а поради спуштање на ладна воздушна маса, на планините и некои повисоки места ќе има услови дождот да преминува во снег.
Според најавата на УХМР, утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи, кои на некои места ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе се движи од -1 до 4, а максималната од 11 до 15 степени.
Во Скопје претпладне ќе биде облачно, а попладне се очекуваат слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, со минимална температура од 4, а максимална до 13 степени.
Во среда и четврток се очекува умерен, повремено засилен ветер од источен и североисточен правец, додека од петок ќе дува северен ветер. Дневните температури ќе имаат тенденција на опаѓање.
