СВР Битола информира дека на ден 05/06.03.2022 год. во временскиот период од 23.30 до 01.30 часот, по претходно изготвен план од страна на полициски службеници од Полициската станица за општа надлежност Битола и Отсекот за криминалистички работи Битола во координација со Државен пазарен инспекторат, спроведена е акциска контрола во објект лоциран во индустрискиот дел на Битола, во хала, изнајмена за организација на музички настан.
При контролата затекнати се 5 малолетници под дејство на алкохол, на 114 лица утврден е идентитет,а додека преглед е извршен на 57 лица при што 18-годишно лице од Прилеп е лишено од слобода по чл. 215 од КЗ и кај него пронајдена е марихуана и екстази.
Од страна на Државниот пазарен инспекторат констатирани се неправилности при што објектот е затворен,а по документирање на настанот ќе следат соодветни пријави.