HomeАктуелноПросечната нето плата во септември 41 585 денари

Просечната нето плата во септември 41 585 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2024 година, изнесувала 41 585 денари и во одно на септември лани е повисока за 9,8 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен
во секторите: Административни и помошни услужни дејности (12.6 %), Преработувачка индустрија (11.7 %) и Уметност,
забава и рекреација (11.4 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (5.8 %), Административни и помошни услужни дејности (5.0 %) и Преработувачка индустрија (2.8 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, пак, во септември 2024 година, изнесувала 62 573 денари.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.