Како што рече, Русија на почетокот правела се` за на мирен начин да ги израмни противречностите меѓу Киев и Донбас.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

„Луѓето изјавија дека формираат две независни републики – Доњецката и Луганската народна република. Од тој момент започна конфронтацијата меѓу властите во Киев и луѓето кои живеат на таа територија. „Во таа насока, би сакал да го свртам вашето внимание на фактот дека Русија на почетокот направи се` за да ги реши сите противречности на мирен начин, со мирни средства“, посочи рускиот лидер.

Текот на настаните покажува дека актуелните власти во Украина немаат намера да ги спроведат договорите од Минск, додаде тој.

„Сегашните власти во Киев немаат намера да ги спроведат договорите од Минск. Згора на тоа, тие неколку пати го објавија тоа во јавноста, како на највисоко државно ниво, така и на ниво на министри за надворешни работи, Советот за безбедност“, рече Путин на седницата на Советот за безбедност.

Тој посочи дека пучот во Украина во 2014 година бил крвав. Како што наведе тој, властите во Киев двапати спровеле воени казнени операции во Донбас.

„Очигледно по трет пат сме сведоци на ескалација на ситуацијата“, рече Путин.

„Сите тие години, сакам да истакнам, сите тие години практично се исмеваа со луѓето што живеат на тие територии: постојан оган, блокада. Како што знаете, луѓето кои живеат на територии во близина на таканаречената линија на фронтот мораа да се преселат во подрумите каде што живеат со своите деца“, рече Путин.

Според Путин, по државниот удар во Украина во 2014 година, дел од населението не го прифатило пучот. „Потсетувам дека беше неуставен и крвав, бидејќи за време на тие настани загинаа многу невини луѓе. Тоа навистина е вооружен удар. „Дел од граѓаните на таа земја не го прифатија тој пуч, а се однесуваше на луѓе кои живееја на Крим, кои живееја и живеат во Донбас“, рече рускиот лидер, пренесе РИА.