HomeАктуелноРазбојништво во дом во Охрид, тепачка во Кичево – Билтен на СВР Охрид

Разбојништво во дом во Охрид, тепачка во Кичево – Билтен на СВР Охрид

На 26.11.2024 во 04.30 часот во СВР Охрид задржан е Б.Ј.(25) од Прилеп, кој претходно во Прилеп бил лишен од слобода од полициски службеници од Полициската станица Прилеп врз основа на распишан локален распис.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Тој се сомничи дека дека на 25.11.2024 извршил кривично дело „разбојништво” во дом во Охрид, каде влегол преку отворен прозорец и со закана со остар предмет од сопственичката одзел пари и златни предмети. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

На 25.11.2024 во 21.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улица „Методија Стефаноски” во Кичево е нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Ц.(39) од една и Ш.Ц.(430 и С.Ц.(33), од друга страна, сите од Кичево. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.