Со новинарите и медиумските работници од локалните и регионалните медиуми, како и со дописниците од овие два региони во петокот беше разговарано за активностите на ССНМ, за проблемите со кои се соочуваат колегите, како и за потребите кои ги имаат за унапредување на нивната работа.

На средбите се разговараше за незавидната состојба во која се наоѓаат дописниците и новинарите и медиумските работници од овие региони, како и за можните понатамошни чекори кои треба да се преземат, велат од ССНМ.
На средбите беше претставена идејата за поврзување на дописниците од сите региони со цел утврдување на главните проблеми и потреби и нивно постепено решавање, додаваат од таму.


