Изминатото деноноќие од 22 до 04 часот, на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени акциски сообраќајни контроли.
Притоа, 27 возачи се затекнати при управување моторно возило под дејство на алкохол (Охрид-08, Струга-04, Кичево-14, Дебар- 01).
Tие веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози. – соопшти СВР Охрид.
Засилените конроли како што најавуваат од МВР продолжуваат и наредните денови.