Во текот на вчерашниот ден, при извршени сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници санкционирале 39 возачи кои извршиле престигнување на места каде е тоа забрането.
Од санкционираните 17 се од Охрид, 9 од Струга 7 од Кичево и 6 од Дебар.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и подигнување на безбедносната култура кај возачите за целосно придржување до поставената патна сигнализација, вели портаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.